logo
logo
logo

Синот шетал без маска, па РОДИТЕЛИТЕ за да го спасат од КАЗНА сакале да се ТЕПААТ со полицајците

Vecer | 25.05.2021

Синот шетал без маска, па РОДИТЕЛИТЕ за да го спасат од КАЗНА сакале да се ТЕПААТ со полицајците

Против две лица на возраст од 40 и 43 години Основното јавно обвинителство – Битола поднесе предлог за издавање казнен налог за кривично дело – Спречување на службено лице во вршење службено дејствие од член 382 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик, информираа од ОЈО – Битола. 

– На 20.10.2020 година, на пазарот во Битола, двајца полициски службеници се обиделе да легитимираат лице кое не носело лична заштита на лицето. Тој одбил да се легитимира. Во тој момент дошле неговите родители кои го повлекле назад и започнале да им се закануваат на полициските службеници, соопштија од битолското Обвинителство. 

Јавниот обвинител за двајцата обвинети предложи Судот да изрече условна осуда со утврдување на казна затвор од по три месеци која нема да се изврши доколку тие не сторат ново кривично дело во рок од една година. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk