logo
logo
logo

Синот на возачот открива дека меѓу преживеаните има патник што не е на списокот од Беса транс

Vecer | 25.11.2021

Синот на возачот открива дека меѓу преживеаните има патник што не е на списокот од Беса транс

Бесар Мемеди за БНТ вели дека бил во Бугарија за да го препознае телото на неговиот татко, кое било пронајдено во кабината за спиење. Официјално, сè уште не е утврдено дали Мемеди управувал со автобусот.

Бесар за БНТ раскажува дека неговиот татко имал 54 години и над 20 години искуство како возач. Често патувал во Германија и Турција и ги знаел рутите.

Според него, автобусот бил стар 3 години и технички исправен, а „Беса транс“ има сервис и во Турција. Неговиот татко во Турција заминал во четвртокот, а во петокот веќе пристигнал и се слушнал со синот.

Бесар тврди дека во неговиот татко автобусот не дозволувал патници со опасен багаж – ниту со пиротехнички средства, ниту со гориво.

Од списокот на преживеани во несреќата, според Бесар, има еден со име Шади Науф ал Салех, кој не е на списокот за патници на „Беса транс“ .

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk