logo
logo
logo

Синот е болен, ја запали куќата - СЕМЕЈСТВО БАРА ПОМОШ ОД ИНСТИТУЦИИТЕ

Vecer | 03.05.2021

Синот е болен, ја запали куќата - СЕМЕЈСТВО БАРА ПОМОШ ОД ИНСТИТУЦИИТЕ

Петчлено  семејство од струшко Мислешево живее само од плата од 16.000 денари. Две деца се болни, едното не го ни примаат в болница, а за другото лекувањето е прескапо, објави СДК.МК.

Порталот пишува дека Илче и неговата сопруга секојдневно се соочуваат со здравствените проблеми на најмалиот син кој поради, како што велат, психички пореметувања често е агресивен, а на двапати го запалил и нивниот дом.

„Куќата ја запали повторнo. За среќа брзо го изгаснавме пожарот, беше фатен само креветот и дел од покуќнината. До сега двапати нè запали. Го носев детето на Психијатрија, но не ми го примаа. Лекарот ми кажа да му давам таблети, но не се смирува. Агресивен е често, ни помагаат роднини. Треба институциите да преземат нешто. Ние не можеме повеќе да се справиме“, вели Илче.

Повеќе на  СДК

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk