logo
logo
logo

„Синофарм“ го врати авансот за набавка: Македонија засега остана и без кинески вакцини

Vecer | 28.02.2021

„Синофарм“ го врати авансот за набавка: Македонија засега остана и без кинески вакцини

Кинеската компанија „Синофарм“ го вратила авансот на македонското Министерство за здравство за набавка на 200.000 вакцини. Официјално, од Министерството за здравство на Македонија велат дека се работи на усогласување на документацијата и дека нарачката не е откажана.

Вчерашната информација на опозициската ВМРО-ДПМНЕ за вратениот аванс, денеска се потврди.

Вчера портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски упати отворено прашање до македонските власти зошто бил вратен авансот за нарачката за кинеските вакцини.

Денеска Министерството за здравство на Македонија информира дека нема никаков проблем, дека нарачката е активна и дека штом се усогласи документацијата, вакцините од Кина ќе пристигнат. Разговорите се во завршна фаза, убедуваат од македонското министерство.

Досега во Македонија се пристигнати само 8.000 вакцини од „Фајзер“, донација од Србија. Наскоро се очекуваат и договорените 100.000 вакцини од рускиот производител „Спутник В“ и одреден број вакцини преку Ковакс механизмот.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk