logo
logo
logo

Син на висок функционер ПОВРЗАН СО ШВЕРЦОТ НА МАРИХУАНА? Постои снимка...

Vecer | 24.01.2023

Син на висок функционер ПОВРЗАН СО ШВЕРЦОТ НА МАРИХУАНА? Постои снимка...

Aудиоснимки што тврди дека ги поседува бизнисмен, може да изгорат син на висок функционер. Бизнисменот се поврзува и со функционерот, но и со братучедот на Заев. Допирна точка им е бизнисот со марихуана…, пишува неделникот Фокус.

Под наслов „Аудиоснимките што го загрижија Трајче Заев: Не ја издавајте книгата!“, албанската телевизија „Ора њуз“ објави прилог во кој се споменува братучедот на поранешниот премиер и лидер на СДСМ, Зоран Заев.

Телевизијата објави дека лице што ќе биде заштитено од правдата поседува неколку аудиоснимки, кои покажуваат дека високи функционери во Македонија директно интервенирале за да саботираат операција за битка против шверц со наркотици преземена од странски агенции.

На аудиоснимките наводно имало имиња од коалицијата СДСМ-ДУИ, но и познати имиња на „сините униформи“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk