logo
logo
logo

Силно невреме во ВЕЛЕС: Реки од вода се слеваат низ улиците, со себе носат земја и шут (ВИДЕО)

Vecer | 18.09.2021

Силно невреме во ВЕЛЕС: Реки од вода се слеваат низ улиците, со себе носат земја и шут (ВИДЕО)

Невремето со дожд, ветер и ситен град што претпладнево го зафати Велес поплави дел од улиците во градот.

За кратко време беа под вода и улиците кои се без атмосферска канализација, а на снимките кои се споделуваат на социјалните мрежи се гледа како реките од вода кои се слеваат од повисоките делови на градот со себе носат земја и шут.

Поплавен е и реонот околу градскиот пазар. Од Регионалниот центар за справување со кризи за МИА изјавија дека по пријава за паднато дрво на улица „Борис Трајковски“ интервенирале пожарникари од Територијалната противпожарна единица.

Засега нема информации за поплавени домови или повредени граѓани.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk