logo
logo
logo

Силјановска: Власта е најмалку европска,реалноста е недемократска, авторитарна и олигархиска

Vecer | 02.12.2021

Силјановска: Власта е најмалку европска,реалноста е недемократска, авторитарна и олигархиска

-Перцепцијата за тоа што е европско е сменета после локалните избори, демократијата вирее на локално ниво, таму најмногу се вежба демократијата, се покажа дека тоа што било претходно не било европско делување, едно од темелите на европската демократија е локалната демократија, еден од темелните документи на Советот на Европа е Конвенцијата за локална самоуправа, јасно е перцепцијата е променета, вели Силјановска.
Силјановска вели дека демократијата се мери со стабилни институции, со одговорни политичари, со транспарентно одлучување, ова што сега го прави актуелната власт дека ги спојуваат европски процеси и агенда го оцени само како апсолутно алиби на власта.
-Алиби е европската егенда и само еден вокабулар, а реалноста е балканска, реалноста е недемократска, авторитарна, клептократска, да не бројам веќе олигархиска, но убаво звучело тоа европска интеграција, ја реков во една прилика не може со Ориент експрес да стигнете во Брисел, ви треба друго превозно средство, критикуваше Силјановска.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk