logo
logo
logo

Силјановска: Со СДСМ на власт корупцијата и криминалот не се ендемски, туку системски

Vecer | 01.02.2021

Силјановска: Со СДСМ на власт корупцијата и криминалот не се ендемски, туку системски

Вечерва Гордана Силјановска Давкова, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ гостуваше во „Радио Лидер“. При своето гостување посочи дека според Извештајот на Транспаренси Интернешнл, Македонија има радикален пад за 45 места. Тоа значи слободен пад токму во времето кога СДСМ и Заев се на власт.

– Што значи тоа? Тоа значи дека корупцијата и криминалот не се ендемски, туку дека се системски. Не може да ги врземе само за личностите на сторителите, туку за коруптивниот амбиент. Значи амбиентот политички, економски, затоа што ние на власт имаме т.н. бизнис политичари Јанус со две лица истовремено се претставници на граѓаните, но истовремено и си го тераат бизнисот“, истакна Силјановска Давкова.

Силјановска Давкова додаде дека власта на СДСМ се бори само за моќ и пари. Власта на СДСМ не се грижи за граѓаните, таа се грижи за своите џебови.

– Само анализирајте ги пратеничките прашања и ќе видите дека сум во право. На тоа надоврзете партизирана и политизирана администрација, регрутирана, по системот на победникот му припаѓа пленот, а не по мерит систем на знаење, појасни Силјановска Давкова.

Силјановска Давкова посочи дека денес власта вработува по партиски клуч, наместо по систем на знаења. Власта денес криминалот и корупцијата не ги казнува.

– Социјалдемократијата е синоним за социјална држава, за солидарност и хуманизам, за мали разлики меѓу луѓето, за бесплатно образование и здравство. Дали ви личи оваа слика бидејќи ние во врвот на оваа партија ги имаме најбогатите тајкуни. Не, верувам дека се збогатиле од пиперки и домати. Не верувам. Туку, од политиката. Згора, со багаж врзан за криминал, нагласи Силјановска Давкова.

Силјановска Давкова рече дека сликата во Македонија со СДСМ на власт воопшто не е убава, а тоа го потврди и извештајот на Транспаренси Интернешнл.

– Ние во моментов иако се фалиме дека чекаме преговори, по корупцијата и криминалот воопшто не сме европска држава. Први сме тука, ама слични сме не на европските држави па дури и на соседите, туку на кого, на Панама, на Монголија. Пазете се работи за земји кои што се соочуваат со граѓански конфликти, со диктаторски аспирации и елементи, тоа е еден трет свет кој што е потонат во сиромаштија, во корупција, и во криминал, посочи Силјановска Давкова.

Силјановска Давкова додаде дека посмешно нешто од оправдувањата на власта не слушнала. Срамота е Николовски кој е прв човек што се бори со корупцијата, да вели дека криминалот е во перцепцијата на граѓаните. Функцијата на Николовски е измислена функција која би паднала на Уставен суд во нормална земја.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk