logo
logo
logo

Силјановска: Случајот со Рашковски е прикривање на реалноста

Vecer | 16.04.2021

Силјановска: Случајот со Рашковски е прикривање на реалноста

Професорката и пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова, утрово во „Радио Лидер“, во врска со случајот за приведувањето на Драги Рашковски денеска истакна дека случајот е спектакл демократија, власта се обидува да го насочи  вниманието на јавноста кон еден настан, за да се затскријат и покријат многу други нешта кои се случуваат во земјава.

-Можно е случајот со Драги Рашковски да е покривање на многу нешта кои треба да се затскријат, бидејќи еден случај сите се фокусираме на тоа, спектакл демократија, но забораваме дека најстрашна држава е онаа која ќе почне да тоне, па по тоа кога ќе почнат да паѓаат лошите држави не можат да се запрат, можеби мастерите на пи-арот ќе го насочат вниманието на една личност за да заборавиме дека се е пустина и дека, а настанот не е исклучок туку е реалност, бидејќи ненормалното станало нормално, вели професорката Силјановска.

Силјановска истакна дека излегуваат „спасители“ оние кои се први на столбот на срамот , но за да не заминат тие сега ќе не фрлат во некој нов спектакл.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk