logo
logo
logo

Силјановска Давкова: Политизацијата во пописот е видлива и јасна

Vecer | 01.02.2021

Силјановска Давкова: Политизацијата во пописот е видлива и јасна

Вечерва Гордана Силјановска Давкова, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ гостуваше во „Радио Лидер“ при што се осврна на неколку актуелни теми во Македонија меѓу кои беа реформите во образованието и пописот.

„Ние не може да создаваме конфузија кај децата. Во прво одделение сте учеле дека Гоце Делчев, Кирил и Методиј и други се неизоставен дел од вашата историја, а сега во шесто одделение да се вели не е така. Па, ај ќе го правиме тоа сега како општествени науки. Зошто? За да, имаме разбирање“, истакна Силјановска Давкова.

Силјановска Давкова додаде дека не може Бугарија на Македонија да и кажува што е дел од македонската историја. И сега министерката под „реформи“ сака да се избрише историја како предмет, поради желбите на Бугарија.

„Законот за пописот дојде во редовна постапка се израдувавме, бидејќи овде кога споредувате, јас сум педантна не носам заклучоци без да си ги соберам регулативите, директивите. Тоа го направив, за да споредувам. Што очекува во редовната постапка инклузивен, а не екслузивен модел на дебата.

„Значи, да повикаме експерти, еве јас на Комисијата за еднаквост на жените и мажите, колку што сме имале седници, имавме расправи, сум повикувала од мрежите и никој не се разболе, значи може да има услови.

„Не, заборавајте 80 градоначалници седнаа со државното водство да расправаат за статистичка операција. Па каква е тоа политичка операција, ако дошле градоначалниците со водството државно да расправаат. И јас се смејам, велам, замислете во Франција да е така над 32.000 општини имаат, каде ли ќе се соберат да расправаат. Ако е статистичка операција таа ќе биде на експертско ниво“, нагласи Силјановска Давкова.

Силјановска Давкова посочи кога виде како градоначалниците имаа средба со државниот врв тоа беше незамисливо. Тоа како да беше статистички конгрес, но таму за жал немаше експерти.

„Во Македонија има т.н. едни национални единици статистички, единици осум имаме. И си велам кога овде пишува дека на тоа ниво ќе се врши исто така организацијата и споредувам со законот и гледам 45 во законот има пописни реони, комисии реони, во кои што пазете по функција се секретарите на општините, па не би рекла дека тие се експерти. Јас мислам дека се политички лица. И очигледно е дека ова е политичка операција. И второ пишува дека членовите на овие значи комисии ги именува, така вика ги одредуваат единиците на локална самоуправа. А, единица на локална самоуправа е политичко територијална заедница, значи не може таа да одредува, може и градоначалник, така може и Совет. Очигледно е штом ги викаат градоначалниците дека тоа ќе го прават тие“, истакна Силјановска Давкова.

Силјановска Давкова запраша дали тоа личи на статистичка операција каде политички луѓе избираат членови на комисии за попишување.

„Имам дилема дали кога ќе седнат експерти, а ние ги немаме многу во областа на демографијата и статистиката и ќе дискутираат со научни аргументи, па ќе има тоа согласност, видливост и транспарентност, и образложение, укажување. Дали е тоа повеќе политички? Или е политика кога одлуките на директорот ќе треба да го имаат и потписот на заменик директорот“, запраша Силјановска Давкова.

Силјановска Давкова посочи дека политизацијата во пописот е видлива и јасна.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk