logo
logo
logo

Силјановска Давкова: Држава која вели дека има кризна состојба во период од 6 месеци претставува политичко самопризнание за длабока криза

Vecer | 13.05.2022

Силјановска Давкова: Држава која вели дека има кризна состојба во период од 6 месеци претставува политичко самопризнание за длабока криза

Во вечерашното гостување во емисијата „Трилинг“ на Телевизија 24, гостуваше пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова. Таа посочи дека ние одамна се наоѓаме во кризна состојба изгласана спротивно на законот од страна на парламентарното мнозинство. -За жал ние одамна сме во криза, не само во криза здравствена, енергетска, политичка, морална туку во кризна состојба сме изгласана спротивно на законот од парламентарното мнозинство. Во законот за управување со кризи, има одредба дека кризна состојба може да прогласите најдолго за 30 дена, дури и за вонредна состојба најдолго тоа може да трае 30 дена, посочи Силјановска Давкова. Силјановска Давкова додаде дека власта си изгласа кризна состојба за 6 месеци, а држава која вели дека има кризна состојба во период од 6 месеци претставува политичко самопризнание за длабока криза. Во кризна состојба главниот актер е Владата. Институција што не функционира, по правилата на Деловникот и нејзиниот мини Устав и таа се наоѓа во криза. -Освен националната криза којашто ја имаме, постои и криза на проширувањето. Во услови на здравствена криза а сега и економска криза сигурно дека оние кои се внатре во ЕУ го имаат клучот на Европскиот дом и гледаат да си го средат Европскиот дом, рече Силјановска Давкова.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk