logo
logo
logo

Шврговски: Казната за Мијалков е драконска, а притворот е противзаконски

Vecer | 26.02.2021

Шврговски: Казната за Мијалков е драконска, а притворот е противзаконски


Сашо Мијалков може да помине само 60 дена во притвор во затворот во Шутка, бидејќи истиот е побаран со обвинителен предлог. Обвинителката Ленче Ристоска кажа дека тоа го предвидува Кривичниот законик. Адвокатот Љупчо Шврговски, кој е застапник на Мијалков, вели дека притворот е донесен спротивно на законот. За казната, Шврговски смета дека е драконска.

„ И сами слушнавте. Сметам дека е драконска казната. Нема да најдете ни една пресуда каде има за секое дело максимална казна. Во однос на одлуката на судот за ефективниот притвор, сметаме дека е спротивна на закон. Не постои можност да се даде во бегство. Максимално може да биде 60 дена во притвор, освен ако Апелација одлучи пред истекот на тие 60 дена”, рече Шврговски.

Обвинителката Ристоска, спротивно на адвокатот, вели дека треба да се размисли за менување на законите со цел притворот да биде и подолг.

„ Согласно кривичните дела кои му се ставаа на товар и тоа што можеше да биде исполнето како битие на кривичните дела, согласно Кривичниот законик се води скратена кривична постапка по обвинителен предлог, каде роковите за притвор се навистина кратки. Поради тоа по објава на пресудата максималната должина на притворот е до 60 дена. Сметам дека овој случај треба да поттикне дебата во правната јавност за во ситуации кога имаме во скратена постапка повеќе кривични дела – да се размисли дали можеби комулацијата на казните треба да се третира како основ за определување на подолг притвор”, рече Ристоска.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk