logo
logo
logo

ШВЕРЦЕРСКА ОДЛУКА НА РКЕ, на еден час пред полициски час бензините поскапени за 3 денари

Vecer | 07.04.2021

ШВЕРЦЕРСКА ОДЛУКА НА РКЕ, на еден час пред полициски час бензините поскапени за 3 денари

Шверцерска одлука на РКЕ, на еден час пред полициски час бензините поскапени за 3 денари. Ова е второ покачување на цените на горивата оваа недела, откако на 5 април беа веќе еднаш покачени. Ова е 4 денари покачување за една недела. Ова е преседан и сигнализира дека власта не знае како да го полни буџетот па удира по народот велат од ВМРО-ДПМНЕ.

- Партиската испостава на Заев, која го регулира енергетскиот пазар ги покачи цените на горивата во сред недела, на само еден час пред почеток на полициски час. Граѓаните брзаат кон бензинските и се создаваат колони со возила. РКЕ на Заев во пандемија немилосрдно удира по џебот на граѓаните. По покачените акцизи, константното покачување на цените на горивата е уште еден начин за полнење на празниот буџет директно од сиромашните граѓани, се вели уште во партиското соопштение.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk