logo
logo
logo

Шверцерите на убиената мигрантка ДОБИЈА ЕДНА ГОДИНА ЗАТВОР, за пукањето допрва ќе се одлучува

Vecer | 02.06.2023

Шверцерите на убиената мигрантка ДОБИЈА ЕДНА ГОДИНА ЗАТВОР, за пукањето допрва ќе се одлучува

По една година затвор добиле шверцерите на мигрантката Фатима, која беше убиена во Гевгелија по тепачката меѓу нив и полицијата, дознава „Макфакс“. Но, и натаму нема одговор кој го истрела куршумот од полицискиот пиштол во неа – лицата што ја превезуваа или полицаецот.

Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција води постапка. Полицаецот има статус на осомничен. Но, не се знае дали ќе седне на обвинителна клупа или ќе биде ослободен. Одлуката ќе биде донесена кога ќе се добие обдукцискиот наод.

Двајцата шверцери, кои беа фатени со мигранти во нивните возила, признале вина, според Макфакс

Шверцерите се обиделе да избегаат во моментот кога полицијата сакала да го застане нивното возило. Кога не успеале, застанале, па имало турканици меѓу нив и полициските службеници. Од службениот пиштол на полицаецот бил испукан куршум, кој ја погоди мигрантката Фатима, која почина на 23-годишна возраст.

Невладината организација Second tree објави детали за случајот. Во моментот на пукањето таа била со својот сопруг Абу Бакар, кој барал правда за својата сопруга. Фатима ја минала грчката граница откога земјата го одбила нејзиното барање за азил. Живеела во бегалски камп.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk