Немири заради ковид мерките во Франција, заклучување во Австрија, нови рекорди на бројот на заразени во Европа, а во Шведска еден број падна на нула.

Шведска, да потсетиме, беше ставена на столбот на срамот во светските медиуми заради лабавата анти ковид политика. Британскиот Гардијан шведскиот пристап го окарактеризира како „катастрофа во најава“, додека Ци-би-ес њуз известуваше дека Шведска е пример како не треба да се решава ковид кризата.

Но и покрај сите критики, Шведска и денес има најлабави епидемиолошки мерки против корона вирусот, земјата е полна со туристи, сите дејности работат, се оди во училиште и сето ова без речиси никакви рестрикции.

Исто така, шведските официјални лица не само што не се закануваат со рестриктивни мерки, туку ниту ги препорачуваат. И каков е резултатот?

Најновите податоци покажаа, земени во последните седум дена, дека бројот на починати од Ковид-19 е НУЛА. И така во сите претходни седум дена.

 

Значи, како што се заклучува во текстот на порталот fee.org, и пред една година беше јасно дека приказните за „катастрофата во најава“ се без основ исто како и сега, една година подоцна. Се покажа дека шведскиот пристап е исправен.

Тоа го докажуваат и бројките на месечно ниво, како на оние кои се заболени, така и оние економските. Денес Шведска е послободна, поздрава и со повеќе пари од која било друга држава во Европа.

 

Кај нас бројот на активни случаи изнесува 12.893, а само вчера имаше 30 починати

 

Во земјава вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 184.277, бројката на оздравени пациенти е 165.077, на починати е 6.307, а бројот на активни случаи изнесува 12.893.

Само вчера се пријавени 30 починати лица од кои 27 се починати во болнички услови, а 3 лица се починати во домашни услови.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 79716, Активни 5728
Гостивар 7885, Активни 629
Куманово 10814, Активни 882
Тетово 10671, Активни 1090
Кавадарци 5649, Активни 179
Велес 5951, Активни 252
Струмица 5500, Активни 495
Штип 5465, Активни 210
Кичево 3817, Активни 486
Неготино 2280, Активни 39
Свети Николе 1786, Активни 111
Радовиш 1432, Активни 98
Берово 1182, Активни 49
Виница 992, Активни 41
Демир Капија 406, Активни 4
Пехчево 308, Активни 10
Прилеп 8835, Активни 286
Битола 6877, Активни 265
Охрид 5723, Активни 601
Струга 3728, Активни 640
Кочани 3081, Активни 109
Гевгелија 2335, Активни 68
Ресен 1473, Активни 102
Дебар 1433, Активни 171
Крива Паланка 1327, Активни 50
Делчево 1096, Активни 60
Пробиштип 879, Активни 45
Валандово 772, Активни 32
Богданци 540, Активни 23
Крушево 518, Активни 16
Кратово 509, Активни 55
Македонски Брод 453, Активни 35
Демир Хисар 419, Активни 11
Македонска Каменица 286, Активни 17
Дојран 139, Активни 4