logo
logo
logo

Швајцарија ќе помага ДА СЕ ОБНОВАТ НАСТРАДАНИТЕ ОБЈЕКТИ ОД ПОЖАРИТЕ

Vecer | 04.08.2021

Швајцарија ќе помага ДА СЕ ОБНОВАТ НАСТРАДАНИТЕ ОБЈЕКТИ ОД ПОЖАРИТЕ

Швајцарија ќе помогне во обновување на објектите кои настрадаа од пожарите. Ова беше објавено по денешната владина седница.

Министерот  Оливер Спасовски ги информираше своите колеги и колешки од Владата за состојбата со пожари во државата, потенцирајќи дека безбедноста на граѓаните останува приоритет и информирајќи подетално за помошта која ја нудат соседни и пријателски земји за гасење на пожарите во Македонија.

Владата донесе заклучоци и тоа:

– го задолжи Генералниот секретаријат, во консултации и соработка со Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) и Центарот за управување со кризи (ЦУК) за обезбедување на сместување и храна за лицата кои како странска помош доаѓаат да помогнат со санирање на пожарите.

– да се обезбедат податоци за прифаќање на техничка помош и помош во работна сила за обновување на објектите кои претрпеле штети при пожарите, понудена од Швајцарската Конфедерација.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk