logo
logo
logo

Шумската полиција доби нови летни и зимски униформи

Vecer | 28.04.2021

Шумската полиција доби нови летни и зимски униформи


Mинистерот за земјоделство, шумарство и водосопанство (МЗШВ) Арјанит Хоџа и вицепремиерот за борба против корупцијата, Љупчо Николовски денеска на заедничката прес-конференција, известија за набавка на нови униформи за потребите на Шумската полиција.

Како што информираат од надлежното министерство, службените лица во Шумската полиција, после 12 години добиваат нови униформи.

Секој шумски полицаец, ќе добие по два сета зимска и два сета летна униформа.

Вредноста на набавката изнесува околу 10 милиони денари, средства кои се обезбедени од буџетот на МЗШВ.

„Денеска е Меѓународен ден за здравје и безбедност при работа. Мене ми е драго што токму на овој ден, ја промовираме новата униформа, која е изработена согласно стандардите на Европската унија како и меѓународните прописи во однос на дизајнот и производството, а посебно во однос на безбедноста и здравјето нa вработените“, изјави министерот Хоџа.

На прес-конференцијата исто така беше посочено дека процесот за опремување на Шумската полиција со нови обувки и униформи, започнал многу пред денешниот ден, како една од целите на поранешниот министер за земјоделство, Љупчо Николовски.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk