Штом Харадинај рекол Северна е добро за нас...

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај го оцени како успех за Македонија договорот со Грција за ново име на македонската држава, за што честитки до својот колега Зоран Заев испрати преку министерот за надворешни работи Никола Димитров.

- „Договорот за името е добра вест за регионот. Честитки за Македонија за овој успех, кој
ја промовира меѓусоседската соработка", изјави Харадинај.

Димитров во Приштина доби честитки и од својот косовски колега Беџет Пацоли. - „Му честитав на колегата за извонредната работа во решавањето на проблемот меѓу Македонија и Грција, проблем кој ги отежнуваше нивните односи. За Косово е големо достигнување чувството на живеење во посигурна зона во регионото. Знаете дека името на Македонија беше услов за нејзина интеграција во НАТО. Интеграцијата на Македонија во НАТО на Косово му дава чувство на сигурност", изјави шефот на косовската дипломатија.

Поврзани

Најнови вести

Коментари