logo
logo
logo

Евгениј Поп Ацев

„Штом државата не може да собере средства еднакви на партиска прослава значи никој не заинтересиран за спортот“

Vecer | 18.08.2022

„Штом државата не може да собере средства еднакви на партиска прослава значи никој не заинтересиран за спортот“

„Многу е жално што е откажан Охридскиот маратон, како за нас како пливачи, но и за сите љубители на спортот во Македонија. Тоа беше многугодишна и константна традиција која не само што ги собираше најдобрите пливачи од светот, туку претставуваше промоција на Охрид и Македонија и беше вистински празник за љубителите на спортот и културата“, вели маратонскиот пливач Евгениј Поп Ацев. 

Според него, пливачкиот спорт во Македонија е тотално запуштен, во моменти кога се даваат високи суми за политички прослави. 

„Пливањето е пуштено низ вода веќе долго време со немање средства, услови, големи трошоци. Многу пливачи се откажуваат од што немаат доволно пари да платат влез на базен, а камо ли да одат на натпревар. И на тоа веќе некако навикнавме. Но штом државата не може да собере средства – еднакви на една партиска прослава или неколку ручеци или нешто слично за една голема манифестација од ваков карактер, тоа значи дека никој нити е заинтересиран нити е потресен за спортот кај нас“, изјави тој за Фокус. 

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk