logo
logo
logo

ШТО СЕ ЖАЛЕШЕ РАДЕВ кај Мецола за Македонија

Vecer | 02.06.2023

ШТО СЕ ЖАЛЕШЕ РАДЕВ кај Мецола за Македонија

Бугарскиот претседател Румен Радев се жалел кај претседателката на Европскиот парламент (ЕП), Роберта Мецола. Тој вели дека недозволиви се обидите на некои земји да ја сменат содржината на документите подготвени од европските институции, вклучително и од Европскиот парламент.

Реакцијата на шефот на бугарската држава следи откако почесниот претседател на националистичката ВМРО-БНД, Красимир Каракачов, објави дека во извештајот на Европскиот парламент за  Македонија целосно не се отсликани забелешките на Бугарија за земјава и дека тоа се должи на интензивното лобирање на македонската дипломатија

Кабинетот на бугаркиот претседател Румен Радев во соопштение објавено по средбата со претседателката на Европскиот парламент (ЕП), Роберта Мецола, за време на Вториот самит на Европската политичка заедница во Кишињев, наведува дека Радев го поставил прашањето за „клучната улога на ЕП во одржувањето на европските вредности и демократијата во оценувањето на напредокот на Западен Балкан на европски пат“.

„Недозволиви се обидите да се интервенира за промена на содржината на документите што ги подготвуваат европските институции, вклучително и ЕП, од страна на земји кандидатки за членство во ЕУ. Претседателот изрази благодарност за навремената реакција и одлучната поддршка за бугарскиот европратеник кому на почетокот на мај му беше забранет влез во Република Северна Македонија. Претседателот Радев истакна дека овој чин е спротивен на европските принципи и покажува непочитување на претставник на институција на ЕУ“, се вели во соопштението од кабинетот на Радев.

Тој на Мецола ѝ пренел дека ваквото однесување на властите во Скопје не е изолиран случај во кој Македонија ги нарушува добрососедските односи.

„Како особено алармантен развој на ситуацијата во Северна Македонија, претседателот ги наведе јавните изјави на високи државни претставници за подготвени ‘црни листи’ на бугарски државјани, вклучувајќи и политичари, на кои им е забранет влез во Република Северна Македонија. Овој пристап го покажува непремостливото наследство од тоталитарното минато и ја открива потребата од суштински реформи во земјата за тоа да се надмине“, информираат од кабинетот на бугарскиот претседател.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk