logo
logo
logo

РЕШЕНА МИСТЕРИЈАТА

ЕВЕ ШТО ПРЕЛЕТА НАД СКОПЈЕ

Vecer | 06.05.2021

ЕВЕ ШТО ПРЕЛЕТА НАД СКОПЈЕ

Воз од сателити прелета на небото над Македонија. Глетката која ги вознемири граѓаните можеше да се забележи некаде околу 21: 20 часот, а сателитите можеа да се видат и со голо око. Станува збор за сателитско соѕвездие на компанијата „SpaceX“ на Илон Маск кое има за цел да обезбеди сателитски пристап до интернет.

Ова не се случува првпат, туку станува збор за проект кој започна на 18 март кога пет групи од по 60 сателити кои во моментов се наоѓаат на висина од околу 280 километри над земјата и полека се доближуваат кон крајната дестинација, односно на висина од 550 километри каде веќе се наоѓаат претходно лансираните сателити.

Соѕвездието се состои од повеќе мали сателити во ниската орбита на земјата, кои работат во комбинација со копнени предаватели.

Проектот изнесува 10 билиони американски долари, и започна во мај 2015 година, а во февруари 2018 година веќе беа лансирани првите два тест летови на сателитски прототипи.

Целта на компанијата е, во орбитата, да подигне околу 12.000 сателити.

На интернет можете да видите кога ќе биде следното прелетување, а според распоредот сателитите треба да бидат видливи утре во 21 часот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk