Што од Македонија се најде на дневен ред на Венецијанската комисија?

Венецијанската комисија при Советот на Европа утре во Венеција ќе ја одржи Светската конференција на Конституционална правда, со 13-от состанок на бирото на истоимената конференција. Сепак, ако добро се погледне агендата на дневен ред се поставени повеќе уставни прашања на земји од Југоисточна Европа, меѓу кои е и Република Македонија, но никаде не може да се најде информација дали ќе се разгледува дописот од македонската влада за оценување на дел од членовите на Законот за употреба на јазиците кои сега не се дел од законското решение.

Меѓу нив се употребата на двојазични униформи за Армијата на Република Македонија, кои Венецијанската комисија треба да ги разгледа и оцени. Светската конференција на Конституционална правда ќе трае до 17 март, па се чини дека за овој период македонската јавност нема да ги добие посакуваните оценки.

Инаку, при составување на предлог законското решение за употреба на законот за јазици, владата реши да ги остави исто така спорните одредби како промена на униформите на полицијата, противпожарните служби, на медицинските служби и така натаму.

Токму тој нејасен приод кој го имаше Владата создаде голем степен на недоверба дека се вршат манипулации бидејќи беше ветено дека сите спорни одредби за кои постои сомнеж дека може да бидат уставно проблематични ќе бидат претходно испратени до Венецијанската комисија на оценка, а потоа согласно оценката да се вметна или не во конечното предлог законско решение што речиси воопшто не се реализираше според очекувањата.

На агендата на Светската конференција на Конституционална правда на Венецијанската комисија според јавно достапните информации се прашања за заштита од дискриминација при Министерството за труд и социјална политика на Република Македонија.

faktor.mk

Поврзани

Најнови вести

Коментари