logo
logo
logo

Што можеме да очекуваме од утрешната средба Заев-Мицкоски?

Vecer | 28.03.2021

Што можеме да очекуваме од утрешната средба Заев-Мицкоски?

Без конректен дневен ред и во тет-а-тет формат. Лидерите на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ Заев и Мицкоски утре на средба во Клубот на пратениците.

Сепак, темите се познати: блокирано собрание, речиси извесен договор за читачите за отпечатоци од прст за локалните избори, отворени кандидатски листи за советници, една изборна единица за парламентарни избори, вакцинација...а, се очекува клучно прашање на кое ќе разговараат Заев и Мицкоски да биде пописот во време на пандемија.

Неофицијално, се споменуваат неколку опции кои би биле ставени на маса за статистичката операција. Од целосно одложување за септември, како што бара опозицијата, преку тоа пописот да почне формално во четврток, но реално попишувачите на терен да работат продолжено до средината на мај, потоа отворање на можност за електронско попишување, па се до тоа пописот да се одвива согласно предвиденото.

Официјално, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се уште ги држат црвените линии.

За власта попис што побрзо е неопходен и патриотски чин.

За опозцијата, 30-тина смртни случаи на ден и илјадници новозаболени не е патриотизам. ВМРО-ДПМНЕ се уште тврди дека статистичката операција е политички договорена.

„Од каде знае власта дека процесот на попишување нема да резултира со влошување на пандемиската слика и забрзан раст на заболени од вирусот, и дополнително зголемување на бројот на хоспитализирани граѓани во болниците каде капацитети се веќе искористени...Попишувањата на дијаспората по сендвичари на странски земји и списоци на лица кои кружат, а не се овластени од ДЗС за спроведување на пописот е доказ дека оваа операција која власта ја турка со сила е осудена на пропаст“, реагираат од партијата.

Но, што и да договорат Заев и Мицкоски за пописот ќе се чекаат и албанските партии.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk