logo
logo
logo

ШТО ЌЕ ОДЛУЧАТ ЗА ЦАР САМОИЛ - Историската комисија одржува дводневен состанок

Vecer | 22.04.2021

ШТО ЌЕ ОДЛУЧАТ ЗА ЦАР САМОИЛ - Историската комисија одржува дводневен состанок

Историската комисија со Бугарија денеска треба да разговара а Цар Самоил. Денеска и утре треба да се одржи онлајн состанок на комисиите од двете страни.

Од БГНЕС кој извести за состанокот напишале  дека  „поголемиот дел од минатата година, Комисијата не работи поради изборите во РМакедонија, кои се одржаа минатото лето“.

Ова е втор состанок за оваа година и 14 по формирањето на комисијата по потпишувањето на Договорот за добрососедство и пријателство во август 2017 година. Се очекува годинава да се одржат вкупно пет состаноци.

На денешната средба, историчарите од обете страни повторно разговараат за прашањето за царот Самоил, за кое веќе се дискутираше на почетокот на работата на Комисијата. Враќањето во средниот век е доказ за недостаток на напредок во историските прашања.

Новинарот на БГНЕС потсетува дека пред околу две години бугарските и македонските научници постигнаа делумен консензус за Цар Самоил. Сепак, по се изгледа дека не се успеало да се затвори таа тема.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk