logo
logo
logo

Што ќе донесе утрешната средба Пендаровски - Мицкоски?!

Vecer | 06.05.2021

Што ќе донесе утрешната средба  Пендаровски - Мицкоски?!

По вчерашната најава за одмрзнување на односите помеѓу лидерот на ВМРО - ДПМНЕ Мицкоски и претседателот Пендаровски за утре е закажана средба во кабинетот на Претседателот со почеток во 15 часот.

На утрешната средба една од темите ќе биде „27 април“ со што се отварија многу полемики, а во јавноста се отвора и прашањето за тоа дали учесниците на упадот на Собранието ќе бидат амнестирани или за овој случај ќе се отвори нова судска постапка.

Претседателот Стево Пендаровски во телевизиско интервју на Канал 5 ја отвори темата околу можноста за повторно судење за настаните од 27 април 2017 година и упадот во Собранието. Тој рече дека не мисли дека тие луѓе во затвор треба да се бранат оти ја нападнале демократијата, но дека со нови докази и нови сведоци може да се бара повторно отворање на целиот случај. Претседателот подоцна за агенцијата МИА прецизираше дека не планира да даде помилување на осудените лица.

Неговата изјава предизвика бурни реакции и кај владејачката СДСМ, но и кај албанскиот опозициски блок.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk