logo
logo
logo

Што говореше ИЛИЈА летото 2017 година за Договорот со Бугарија (ВИДЕО)

Vecer | 26.01.2022

Што говореше ИЛИЈА летото 2017 година за Договорот со Бугарија (ВИДЕО)

Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ неколку дена пред потпишувањето на Договорот за добрососедство со Бугарија, укажа на сите замки кои се поставени во него за евро интеграцијата на Македонија.

– Примената на овој договор без конструктивните забелешки и предлози кои ние ги дадовме и ги споделивме со Заев, на среден и на долг рок ќе нанесе реални штети на иднината на Македонија. Договорот ќе дава јасна и легална основа соседна Бугарија да го стопира чекорењето на Македонија кон ЕУ на секој наш следен чекор на отворање или затворање поглавја од евентуалните преговори за членство во ЕУ – рече Димовски.

Димовски предупреди дека овие чекори на СДСМ ќе ѝ нанесат непоправливи штети за Македонија.

-Бугарија е наш сосед со кој треба да градиме одлични односи. Нам ни треба договор за иднината, а не за минатото, посочи Димовски.

Оваа изјава е од 26 јули 2017.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk