logo
logo
logo

Што договорија Алијанса и БЕСА во Гостивар? (ВИДЕО)

Vecer | 19.10.2021

Што договорија Алијанса и БЕСА во Гостивар? (ВИДЕО)

Денеска во Гостивар се случила средба меѓу високи претставници на Алијансата за Албанците и БЕСА.

Средбата доаѓа откако во вториот круг на изборите за градоначалник во Тетово претседателот на БЕСА Билал Касами влезе во вториот круг и со поддршка од третопласирана АА може да ја победи Теута Арифи во вториот круг.

Претставниците на двете партии по средбата не дадоа детали за разговорите но според насмеаните лица на Арбен Таравари и особено на министерот за земјоделие Аријанит Хоџа БЕСА обезбедува солидна бројка екстра гласови за вториот круг за пораз на ДУИ во Тетово.

Средбата не беше тајна и медиумите пренесоа изјави по состанокот во кои сепак нема никакви конкретни точки.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk