Штипски крадец е фатен на дело додека се обидувал насилоно да влезе во подрум. Имено, во текот на вчерашниот ден полициски службеници од Полициската станица Штип го лишиле од слобода М.А.(33) од Штип, бидејќи околу 10:30 часот бил затекнат при вршење кривично дело „тешка кражба во обид“.

Тој со употреба на сила и погоден предмет насилно отворил влезна врата на подрум во зграда на ул.„Генерал Михајло Апостолски“ во Штип.

М.А. бил приведен и по комплетно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.