Штипјанец со фалсификувана диплома напредувал во службата, СВР Штип поднесе кривична пријава

Секторот за внатрешни работи во Штип до Основното јавно обвинителство во Штип поднесе кривична пријава против 51-годишен штипјанец поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина“.

„Пријавениот во текот на 2016 година набавил фалсификувано уверение за положени испити од Високата школа за менаџмент во сообраќајот во Ниш, Република Србија. На 30.09.2016 година во Јавното претпријатие „Стипион 2011“ – Штип, каде е вработен, го приложил фалсификуваното уверение за добивање на решение за работа на повисоко работно место, за што му бил издаден нов договор за вработување во јавното претпријатие на работно место контролор во сообраќај во Одделението за платени паркинзи“, се наведува во соопштението на полицијата.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари