logo
logo
logo

Шилегов за грчки Етнос: СЕ НАДЕВАМ ДЕКА КОЊОТ ЌЕ БИДЕ ОТСТРАНЕТ, таквите градби се бескорисни

Vecer | 07.04.2021

Шилегов за грчки Етнос: СЕ НАДЕВАМ ДЕКА КОЊОТ ЌЕ БИДЕ ОТСТРАНЕТ, таквите градби се бескорисни

Се надевам дека коњот ќе биде отстранет од централниот плоштад и ја охрабрувам Општина Центар да продолжи со политиката за отстранување на овие елементи, изјави скопскиот градоначалник Петре Шилегов за грчки Етнос.

Тој додаде дека сепак тоа не е нешто што може да го побара бидејќи не е негова надлежност.

- Нема потреба да имаме специфичните градби во центарот на градот. Тие не се дел од нашата традиција, нашата култура. Нема смисла да се биде таму. Бескорисни се, рече Шилегов.

Добро е за нашите градови да соработуваат, но за жал, не успеавме да се сретнеме во периодот на пандемијата, вели градоначалникот на Скопје Петре Шилегов за грчкиот портал „Етнос.гр“ и додава дека испратил честитки до градоначалниците на Атина и Солун кога беа избрани пред две години.

-Испратив писма со честитки до општините Атина и Солун кога новите градоначалници ги презедоа функциите. Добро е за нашите градови да соработуваат. За жал, не успеавме да се сретнеме во текот на целиот овој период на пандемија. Костас Бакојанис одговори на моето писмо. Сепак, немав никаков одговор од општина Солун. Со Костас Бакојанис разменивме честитки и за новата година, вели Шилегов.

Скопскиот градоначалник упатил покана до неговиот колега од Солун Константинос Зервос на 13 ноември да присуствува на одбележувањето на годишнината од ослободувањето на Скопје, меѓутоа поради пандемијата не било изводливо патувањето.

Шилегов оценува дека некои работи во соработката со Солун заостанаа поради коронавирусот, но верува дека по пандемијата брзо ќе се нормализираат односите.

За „Етнос.гр“, скопскиот градоначалник говори и за галиите и ја објаснува одлуката за нивното отстранување.

-За мене приоритет е безбедноста на градот, бидејќи трите лажни галии се наоѓаат во реката и може да предизвикаат штета во градот поради можноста за излевање на водата. Но, освен опасен е и бескорисен проект што не му е потребен на центарот на градот. Не припаѓа на нашата традиција, култура и цивилизација, вели Шилегов.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk