logo
logo
logo

Шилегов склучил ДОГОВОР ВО 4 ОЧИ ЗА КАФЕАНИ, тоа е континуитет во работењето

Vecer | 21.10.2021

Шилегов склучил ДОГОВОР ВО 4 ОЧИ ЗА КАФЕАНИ, тоа е континуитет во работењето

Градоначалникот на Град Скопје во заминување, Петре Шилегов среде изборна кампања, помеѓу двата круга склучил договор со кафеани и Градот Скопје.

Рамковната спогодба е објавена на страницата за Јавни набавки и таму стои дека Град Скопје за склучил договор за угостителски услуги  на 15 октомври, два дена пред првиот круг од изборите  чија важност почнува од денес.  Договорот е склучен со три угостителски субјекти, во вредност од околу 2 милиони денари, или 32.000 евра.

Која е потребата среде на два дена пред избори три угостителски субјекти да добијат народни пари, е нејасно. Дали станува збор за предизборен поткуп или  награда, и тоа допрва треба да се одговори.

Според Шилегов истото не е поврзано со изборите, иако е во изборна кампања.

Тој на денешната прес конференција, одговарајќи на новинарско прашање рече дека морало да има континуитет во работењето.

- Секоја институција во работењето мора да има континуитет независно од тоа кои се процесите кои се одвиваат. Овие спогодби не значи дека ќе се искористат, но градот треба да ја има можноста за делегации, рече тој.

Шилегов вели дека градот имал меѓународна соработка со различни градови.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk