logo
logo
logo

Попов:

„Шилегов ПОТРОШИ 420.000 ЕВРА за телефонска централа која НИКОЈ НЕ ЗНАЕ КАДЕ Е“

Vecer | 27.10.2021

„Шилегов ПОТРОШИ 420.000 ЕВРА за телефонска централа која НИКОЈ НЕ ЗНАЕ КАДЕ Е“

Петре Шилегов потрошил 420.000 евра за набавка на мрежна инфраструктура и ИП телефонија за потребите на Градската куќа на ул. Лазар Личеноски бб, која истиот ја продаде. Оваа телефонска централа за објектот на Градската куќа не е инсталирана во истата, ниту е забележан документ дека е продадена, изјави Сергеј Попов на денешната прес конференција.

Попов вели дека  ова се документите од кои се гледа дека Шилегов е потписник на договорот со Македонски Телеком вреден над 420.000 евра, за телефонска централа која сега не е во функција, ниту некој знае каде е и што се планира со неа.

- 420.000 евра пари на скопјани се потрошени за телефонска централа која не е во употреба, ниту некој знае каде е. Шилегов да излезе и веднаш да одговори каде е телефонската централа и дали се уште е во посед на Град Скопје, доколку не е каде е, колку пари ја продал или ја дал без надомест? Парите од телефонската централа се попусто потрошени пари, никој не знае каде е и дали е можеби продадена, но и каде се парите ако е продадена. Ова е ист случај како со парите добиени од продажбата на Градската куќа, вели Попов.

Тој потенцира дека  12 милиони евра од продажбата на истата никаде ги нема. Никој не знае каде се и на што се потрошени.

- Ова се сомнежи за огромни нерегуларности, за овие и за многу други набавки и плаќања ќе има детална истрага и ревизија по 31-ви октомври, ова е тоа што го плаши Петре Шилегов и СДСМ, и затоа се во паника, затоа навредуваат, малтретираат и шиканираат. Знаат дека по 31-ви октомври нема да можат да крадат и ги фаќа паника. Знаат дека одговорност ќе има, а еве и повторно им потврдуваме, да ќе има одговорност за сите ваши криминали и проневери, истакна Попов.

https://youtu.be/p1-bKYfDcIc

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk