logo
logo
logo

Стоилковски

„Два дена пред изборите, ШИЛЕГОВ СКЛУЧУВАЛ ДОГОВОР СО КАФЕАНИ!“

Vecer | 22.10.2021

„Два дена пред изборите, ШИЛЕГОВ СКЛУЧУВАЛ ДОГОВОР СО КАФЕАНИ!“

Два дена пред изборите, Петре Шилегов склучува договор за кафеана.  На 15.10 склучен, односно на два дена пред избори, склучен е договор со 3 фирми - во вредност од 32.000 евра! Договор во директна спогодба за, во слободен речник, за кафеански услуги! 32.000 евра и тоа само за една година, вели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

Тој додава дека компаниите, познати скопски локали нема да ги споменуваа, но ќе даде делови од договорот:

  • Рамковниот договор е на еден милион и 700 илјади денари, со ДДВ - 2 милиони денари за кафеана за една година;
  • Договорот започнува од 21.10, односно се реализира од вчера;
  • Измени на оваа рамковна спогодба, односно поголема или пониска вредност може да се оди и до 20% од договорот, односно на овие 32.000 евра планирани за Петре Шилегов да ги потроши во кафеаните низ Скопје, да се додадат уште 3.200 евра доколку оваа година му се погоди на Петре Шилегов;
  • А, тука би додал дека фирмите - кафеаните се обврзале на 10 односно нудат од 10 до 15% попуст на менијата односно на услугите на јадењата и пијачките, изјави Стоилковски.

Тој додаде дека додека сите очекуваат одговори за неразумното богатење на Петре Шилегов, додека сите размислуваа и очекуваа одговори за луксузите на Шилегов, за дивоградбата во Карпош, за вилата на Маврово, за скапите џипови и коли кои што ги нема пријавено во Антикорупциска, тој размислувал за нов договор за кафеана!

- Ова не е црна кампања, ова е соочување со фактите за Петре Шилегов среде кампања за избор на градоначалник за град Скопје, кога он потпишува договор од 32.000 евра кафеански услуги! Петре Шилегов не размислува на градот, туку Петре Шилегов веројатно размислува како да направи уште половина милион евра во следниот мандат, да доизгради уште некоја вила и тоа да го прослави со здравици по кафеани, се тоа на буџетски трошок, се тоа од ваш џеб, рече тој.

Стоилковски истакна дека ниеден инспектор досега, ниту институција не оди да ги провери наводите со кои што излегувавме секој ден.

- Затоа Петре смета дека може да размислува само на кафеана!

Шилегов не мисли на Скопје, туку на јадење и пиење на буџетски трошок. Уште еднаш, нема полошо од СДСМ, за Скопје нема полошо од Шилегов, изјави Стоилковски.

https://youtu.be/YKKxx9tp50w

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk