logo
logo
logo

Шилегов ја повика Антикорупциска да ја провери набавката на противпожарното возило

Vecer | 04.05.2021

Шилегов ја повика Антикорупциска да ја провери набавката на противпожарното возило


Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, побара од Државната комисија за спречување на корупцијата да ги испита наводните сомнежи за постоење корупција и судир на интереси во набавката на специјализираното возило – противпожарна скала, за Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје.

Шилегов вели дека претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на „Фејсук“ ширел невистинити информации за начинот и висината на цената на набавката на противпожарната скала.

„Со цел спречување на ширењето лажни вести и дезинформирање на јавноста, побаравме од ДКСК, преку своите механизми, да спроведе постапка за утврдување на наводните нерегуларности и на тој начин да ги информираме граѓаните на Скопје за уредноста на постапката при набавката на ваквата противпожарна скала“, рече Шилегов.

Тој наведе дека ова е првпат Бригадата за противпожарна заштита во Скопје да набави ваква софистицирана опрема со која можат да интервенираат на објекти кои имаат повеќе од пет ката.

„Станува збор за набавка спроведена низ високо транспарентна постапка на меѓународен тендер кој траеше шет месеци и чија вредност изнесување 1,7 милиони евра со ДДВ“, вели Шилегов.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk