logo
logo
logo

Вангел Божиновски

Шилегов им прави ЗАДОВОЛСТВО НА ГРЦИТЕ со изјавите за УРИВАЊЕ на споменикот на Александар

Vecer | 13.04.2021

Шилегов им прави ЗАДОВОЛСТВО НА ГРЦИТЕ со изјавите за УРИВАЊЕ на споменикот на Александар

Шилегов со особен апетит ги дава изјавите за уривање на споменикот на Александар Македонски, надвор на Грците им прави некакво задоволство, вели архитектот Вангел Божиновски за „Што не е јасно“ на Алфа Телевизија, коментирајќи го интервјуто за грчките медиуми на скопскиот градоначалник Шилегов, кој изјави дека споменикот на Александар треба да се урне.

- Шилегов решава да урне споменик на човек кој е неизбришлив и еден од столбовите на светската цивилизација. Кој е тој човек што се осмелува да го урива споменикот на Александар, кој има споменици не само кај нас, туку по цел свет? Зошто на тие држави не им паѓа на памет да го урнат?, прашува Божиновски

Тој нагласи дека Шилегов треба да престане со тие реченици кои фрлаат лошо светло за сите  граѓани на Македонија и на сите кои некогаш постоеле и живееле како Македонци на оваа територија.

- Изјавите за уривање на одговараат на функцијата градоначалник, градоначалник треба да биде некој кој ќе се залага за нешто да се изгради. Тој споменик во овој момент е најголемиот споменик на Александар кој претставува восхит за мнозинството луѓе како наши така и странци и носи воодушевување, и претставува изворно македонска традиција, потенцира Божиновски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk