logo
logo
logo

Кирков:

Шилегов го одобрува мобингот на Тина Петрушевска во ЈП Лајка, затоа што молчи и не презема ништо

Vecer | 25.09.2021

Шилегов го одобрува мобингот на Тина Петрушевска во ЈП Лајка, затоа што молчи и не презема ништо

Тина Петрушевска директор на ЈП Лајка, поставена од Петре Шилегов ја злоупотребува позицијата и се изживува со вработените во ЈП Лајка и им врши мобинг, истакна на денешната прес-конфереција Стефан Кирков од ВМРО-ДПМНЕ и рече дека ова не се само тврдења на ВМРО-ДПМНЕ, ова се жалби на вработените, кои се охрабриле и смогнале сили да ја пријават директорката Петрушевска.

- Тина Петрушевска веќе подолг период се изживува со раководителот на сектор Слаѓана Стаменкова, која во допис до УО на ЈП Лајка и Град Скопје се жали на мобинг од Петрушевска назначена од Шилегов и СДСМ. Ова е тој допис.

На мобинг и притисок од ЈП Лајка се жалела и членката на УО на ЈП Лајка Теона Георгиевска, која е разрешена од страна на директорката Петрушевска.

Мобинг од Петрушевска трпи и единствениот ветеринар во ЈП Лајка Виктор Груев, кој доколку ја напушти работата или добие отказ претпријатието ќе остане без ветеринар.

За тоа дека Петрушевска и Шилегов не работат добро и се изживуваат со луѓето вработени во ЈП Лајка доказ се и над 20 луѓе кои веќе дале отказ од претпријатието токму заради притисоците и мобингот кој го трпеле од Тина Петрушевска.

Информирани сме и дека над 10 вработени веќе и се обратиле до Петре Шилегов за притисоците со кои се соочуваат и мобингот кој им се врши, но Шилегов не реагира и не ги заштитува вработените.

Целиот мобинг и притисок кој го врши Тина Петрушевска е одобрен и од Шилегов кој ја поставил и го премолчува нејзиниот терор врз вработените.

Ги повикуваме институциите да ги истражат случувањата во ЈП Лајка. ДКСК до која се поднесени неколку претставки по разни основи исто така веднаш да реагира. А истовремено ги охрабруваме сите вработени да не подлегнуваат на притисоците и заканите на Петрушевска. По промената на власта ќе има ревизија на работењето на Тина Петрушевска, а тоа е за многу бргу, вели Кирков.

https://www.youtube.com/watch?v=W6UVXViT_hY&ab_channel=%D0%92%D0%9C%D0%A0%D0%9E-%D0%94%D0%9F%D0%9C%D0%9D%D0%95

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk