logo
logo
logo

ШИЛЕГОВ Е МИЛИОНЕР ВО СПОРЕДБА СО АРСОВСКА, и тоа збогатен на функции

Vecer | 22.01.2022

ШИЛЕГОВ Е МИЛИОНЕР ВО СПОРЕДБА СО АРСОВСКА, и тоа збогатен на функции

Петре Шилегов во својата политичка кариера имаше две прилично доходовни формални функции и една неформална по кои стана милионер, сметано во евра. Ја предводеше комисијата за жалби по тендери, јавни наваки, и беше градоначалник на Скопје. Неформалната, за време на која купи два стана и богат возен парк му беше “чувар на прислушкуваните разговори на СДСМ“ кои, потоа, станаа трговска стока купувана од заинтересираните страни.

Имотот на Петре Шилегов, без неговата викендица во Маврово, становите и богатиот возен парк стекнати во време на неговиот политички ангажман се неколкукратно поголеми од имотот на сегашната градоначалничка на Скопје Данела Арсовска која е долго во врвните бизнис кругови. Само кешот во банка, уметничките слики злато и скапи часовници коко и возниот парк му вредат повеќе од нејзиниот севкупен имот, што доволно говори како кој од нив ја разбира својата функција.

Два мали стана, еден деловен простор, два депозита во банка, два кредита, акции и една гаража е имотот на Данела Арсовска, доскорешен претседател на Сојузот на стопанска комори на Македонија, а сега скопски градоначалник.

Тоа е имотот кој го поседува новата градоначалничка на главниот град на државава, Скопје, чија состојба може да се види и на веб страницата на Државната комисија за спречување на корупцијата.

Инаку, од анкетниот лист на градоначалничката на Скопје може да се забележи дека целиот имот што таа го пријавила фигурира како заеднички имот.

Па така, од анкетниот лист на Арсовска може да се види дека таа има гаража од 15 метри квадратни. Гаражата вреди 248 илјади денари, а е стекната со договор за купопродажба.

Арсовска поседува и деловен простор, исто така стекнат со договор за купопродажба, вреден 1,5 милиони денари или околу 24,5 илјади евра. Деловниот простор има 22 метри квадратни.

Истата вредност од 24,5 илјади евра ја има и едниот од становите на Арсовска, кој има 38 метри квадратни и е стекнат со договор за продажба.

Вториот стан има 42 метри квадратни и вреди 1,91 милиони денари, или 31 илјада евра. Тој е лоциран во Македонија, и е стекнат исто така со договор за купопродажба.

Арсовска пријавила и моторно возило Хјундаи од 153 илјади денари, како и акции од 200 илјади денари. Не се наведува од која компанија се нејзините акции, но се знае дека се 200 и дека се купени во 2009 година.

Градоначалничката има и девизен депозит од 78.800, а не е наведено дали се долари, евра или франци. Арсовска во банка располага и со денарски депозит од 4.165 милиони денари, што е рамно на 67.723 евра.

Првата дама на Скопје има и два кредити, едниот од два милиони, а другиот од 200 илјади денари.

Ова се 15-те НАЈЧИТАНИ ПОРТАЛИ ВО МАКЕДОНИЈА! Тие се јавното мислење

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk