logo
logo
logo

Шекеринска овој пат изврти фамозната изјава: Сега немаме вакцини затоа што не се знаело колку луѓе сакаат да се вакцинираат

Vecer | 05.02.2021

Шекеринска овој пат изврти фамозната изјава: Сега немаме вакцини затоа што не се знаело колку луѓе сакаат да се вакцинираат

Прашањето на безбедност одамна не е само прашање на физички напад и полиција или армија на границите, туку и вакцините се тука, рече минситерката за одбрана Радмила Шекеринска на вечерашното гостување на телевизија Телма во емисијата Еурофокус.

Од тие причини, рече таа, до пред два месеци разговаравале на оваа важна тема за вакцините низ призма како побрзо до ефискана заштита и во тие моменти рекле главен акцен е на усогласениот механизам и процесот поддржан од ЕУ.

-Ама излезе дека треба директно да се преговара и со Фајзер, и за кинеската вакцина, рече Шекеринска вадејќи се на тоа зошто уште ги нема вакцините во Македонија, велејќи дека и во држави на ЕУ забавен е процесот.

Според неа довербата на граѓаните ќе влијае на процесот на вакцинација.

-Ако ги уверите дека сте воделе сметка во процесот на набавка, ќе зависи процентот колку ќе се вакцинираат, рече Шекеринска.

Дополнително, додаде таа, не знаеме ни колку граѓани сакаат да се вакцинираат, затоа мора да водиме сметка и за количините.

До пред неколку месеци, кажа Шекеринска, немало вакцина со дозвола од европско-американски регулатори со кои комуницирале, и затоа подоцна почнал процесот за разговори со Кина.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk