logo
logo
logo

ШЕКЕРИНСКА: Можевме, но не сакавме да криеме дека капарот за кинеските вакцини ни е вратен

Vecer | 01.03.2021

ШЕКЕРИНСКА: Можевме, но не сакавме да криеме дека капарот за кинеските вакцини ни е вратен

Никогаш информациите не ги криевме од јавноста, изјави денеска министерката за одбрана, Радмила Шекеринска и додаде дека доколку сакале можеле да сокријат дека капарт за кинеските и беше вратен на Македонија.

-Сакам да зборувам за работи кои што целосно ги познавам и во кои сум учествувала, мислам дека најсоодветно е да не се мешаме во работи во којшто информациите ги имаме од Влада, но и од она што јавноста е достапна. Ако нешто можевте да забележите во изминатава година, и мислам дека тоа понекогаш може да нѐ прави и послаби, меѓутоа мислам како држава тоа е чекор во вистинска насока, тоа е дека никогаш информациите не ги криевме од јавноста, и кога се добри вести, и кога се лоши вести. Можеше ова да не го кажеме, за да добиваме помалку прашања, но тоа не е начин на кој функционира оваа Влада. Подобро е да ги кажеме проблемите со кои се соочуваме, рече Шекеринска одговарајќи на новинарско прашање.

Министерката Шекеринска го релативизира проблемот што Македонија е без вакцини и вели дека за истите „фрустрации и незадоволство од набавката на вацини може да се слушне од многу земји членки на ЕУ“.

-Најголемата група на земји која што во принцип се сметаше дека ќе го диктира темпото, но дури и тие се соочија со проблеми со дел од производителите и со обезбедување на потребните количини, тврди Шекеринска.

Министерството за здравство вчера официјално потврди дека го повлекло авансот што од Владата беше уплатен за набавка на кинеските вакцини од „Синофарм“.


© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk