Шехтански: Задоволни сме од исказот на сведокот за убиството на Никола Саздовски

По завршување на денешното прво рочиште за убиството на 20 годишниот Никола Саздовски, адвокатот на семејството на починатиот Никола, Ванчо Шехтански изјави дека е задоволен од исказот на девојката на Никола, која била на лице место кога се случил нападот.

„Според член 57 од Законот за кривично право, како полномошноци на оштетените максимално ги користиме сите овластувања, максимално учествуваме во постапката. Задоволни сме од исказот на денешниот сведок и со оглед на тоа ги демантираме изјавите на одбраната дека смртта настанала поради железен предмет, кој бил поставен на автобуската, а не од ударите на напаѓачите. Исто така со исказот на сведокот се демантира и изјавата дека нападот траел само 1 минута“, рече Шехтански.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари