logo
logo
logo

Шатори и вреќи за спиење во недела пред Влада – независниот синдикат на професионални војници излегува на штрајк

Vecer | 18.05.2022

Шатори и вреќи за спиење во недела пред Влада – независниот синдикат на професионални војници излегува на штрајк

Независниот синдикат на професионални војници (НСПВМ) најавува дека од недела започнува штрајк пред Владата. На ваков чекор се одлучиле бидејќи, како што велат веќе два години Владата за дел од професионалните војници не презема никакви активности за префрлување во друга институција. -Согласно член 40а од Законот за служба во Армијата, професионалните војници со наполнување на 45 години старост се префрлуваат во други сродни институции. Но веќе 2 години од страна на Владата за дел од професионалните војници не се превземени никакви активности за префрлување во друга институција. Затоа НСПВМ превзема активности со своите членови и на ден 22.05.2022 година пред Владата на РСМ ќе постави шатор и вреќи за спиење долж тротоарот пред Владата и таму ќе остане се додека не се исполни нашето барање, велат од Независниот синдикат. Истакнуваат дека од основањето континуирано и интензивно работат за подобрување на стандардот на вработените во Армијата, на подобрување на односите Синдикат – работодавач – Министерство за одбрана, подобрување на условите за работа, инсистирање на зголемување на буџетот на МОРСМ, на подобрување на опремата за вработените, на корекции во Законот за служба во АРСМ за подобрување на условите за живот и работа на вработените. Од НСПВМ ја повикаа министерката за одбрана Славјанка Петровска да им даде поддршка и да им се приклучи.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk