logo
logo
logo

Шарл Мишел ЌЕ ГИ УБЕДУВА помалите политички партии во власта

Vecer | 05.07.2022

Шарл Мишел ЌЕ ГИ УБЕДУВА помалите политички партии во власта

Помалите партнери во коалицијата на СДСМ (ДОМ, ЛДП и Демократски Сојуз) ќе се сретнат со претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел којшто е во посета на Македонија во врска со францускиот предлог за преговарачката рамка, објави Телма.

Претставници на една од партиите за Телма потврдија дека ќе остварат средба со Мишел. ЛДП; ДОМ и Демократскиот Сојуз бараат дополнителни гаранции, а сѐ уште не се изјасниле за францускиот предлог.

Најверојатно тоа е причината поради што на денешниот прелиминарен распоред за работа на владината седница, го нема францускиот предлог.

Кога ќе почне седницата и ќе биде утврден дневниот ред, ќе бидете информирани, кратко ни одговорија од прес-службата на Владата.

ЛДП чиј претседател е министер за локална самоуправа Горан Милевски најави дека партиските тела сѐ уште не го разгледале и не донеле одлука за францускиот предлог и дека тој во моментот нема да гласа позитивно на владата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk