logo
logo
logo

Шара се става под привремена заштита до донесување на Законот

Vecer | 22.03.2021

Шара се става под привремена заштита до донесување на Законот

Министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини, согласно Законот за заштита на природата, донесе решение за привремена заштита на делот од Шар Планина, за кој се води постапка за прогласување за заштитено подрачје во категорија II – национален парк.

Привремената заштита на подрачјето на кое се однесува решението се применува до денот на влегувањето во сила на законот со кој ќе се прогласи дел од Шар Планина за национален парк. Предлог- законот е одоборен од страна на Владата и во најскоро време се очекува да започне собраниската постапка за негово усвојување.

Со усвојување на овој Закон нашата држава ќе го добие првиот национален парк од прогласувањето на независноста со што вкупната површина на заштитени подрачја на национално ниво ќе изнесува 13,2% од севкупната територија.

 

makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk