logo
logo
logo

Шамбевски:

СДСМ го укина бесплатниот превоз за студенти, не направи студентски град, а се повеќе млади се иселуваат

Vecer | 23.07.2021

СДСМ го укина бесплатниот превоз за студенти, не направи студентски град, а се повеќе млади се иселуваат

Навредливо е за младите СДСМ да зборува за студентски стандард, а четири години немаат направено ниту еден проект за студентите. Ништо од тоа што го ветија не го исполнија, истакна на прес-конференција Борис Шамбевски од ВМРО-ДПМНЕ.

- Не само што немаат направено ништо, туку и тоа што беше поставено како мерки ги укинаа. СДСМ го укина бесплатниот воз и бесплатниот превоз за студентите. Од ветениот студентски град на просторот на студентскиот дом „Стив Наумов“ нема ништо.

Скопје требаше да добие студентски град кој како што презентираа тогаш ќе има библиотеки, читални и разни други содржини за студентите. Покрај Скопје, СДСМ вети студентски градови и во Штип и во Битола. Исто како и во Скопје, нема студентски град, ниту пак нови студентски домови, ниту во Штип, ниту во Битола.

СДСМ требаше да ги врати младите, но не само што не вратија никого, туку и нови наши врсници се иселија од државата заради лошите услови, лошото владеење, криминалот, корупцијата и рекетот. Младите не можат да се вработат, свој бизнис не можат да отворат и да просперираат, ако немаат врски во врвот на СДСМ или лицата задолжени за делење бизниси и земање рекет. Времето  во кое државата за едни е мајка, за други маќеа завршува.

ВМРО-ДПМНЕ има план за развој на Македонија. План и стратегија кои ќе носат работа и просперитет за младите. Време е за Македонија за сите луѓе!, рече уште Шамбевски.

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=qPh4E_KlYdU[/embed]

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk