logo
logo
logo

Шамбевски: Не е само Бугарија проблемот, ТУКУ И КОРУПЦИЈАТА НА ВЛАСТА

Vecer | 24.06.2021

Шамбевски: Не е само Бугарија проблемот, ТУКУ И КОРУПЦИЈАТА НА ВЛАСТА

Проблемот со Бугарија ескалираше на штета на Македонија, потпишавме договори за добрососедство и не уверуваа од Владата се е решено и вратите на ЕУ и НАТО се отворени. Во НАТО, Македонија е членка поради одредени политичко безбедносни прашања, но вратата на ЕУ останува затворена, рече Оливер Шамбевски, поранешен амбасадор на гостувањето во емисијата Што не е јасно што се емитува на телевизија Алфа.

„Проблем е спорот со Бугарија за ЕУ, но во сите извештаи се наведуваат низа на проблеми корупција, справување со пандемијата, владеење на правото. Оваа влада на нив спектакуларно потфрли и видовме денес дека не знаат да решат ништо. Проблемот е во оваа влада и во ништо друго. Направија премногу дилетантски договори, така настапува и на меѓународната заедница“, рече Шамбевски.

Според него Владата беше предупредувана уште кога ги потпишуваше договорите дека се асиметрични, сега спори и Грција поради твит на Заев и следуваше срамно извинување од него.

„Не знам јас што мислат од Владата дека друг ќе ни набави вакцини, ќе ни носи инвестиции. Владата барем да направи консензус за клучните прашања, да видиме дали ќе има волја, а можеби е и предоцна зошто ја втурнаа Македонија таму каде што е но не треба да се откажуваме кога станува збор за интересите на државата“, вели Шамбевски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk