logo
logo
logo

Шахпаска: Разловци ја добива својата прва градинка

Vecer | 28.05.2021

Шахпаска: Разловци ја добива својата прва градинка


Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, заедно со градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски направија увид во градежните работи на новата детска градинка во село Разловци, Општина Делчево.

„Согласно направениот увид на новиот објект, градежните работи се завршени, градинката е опремена и наскоро ќе започне со прием на деца. За реконструкција, адаптација и опремување на новиот објект, Министерството од својот буџет издвои средства во висина од 4 милиони денари. Градинката има капацитет да згрижи 20 деца на возраст од 2-6 години,“ информираше министерката.

Таа посочи дека иако капацитетот на новиот објект не е голем, значајна е пораката која се испраќа, грижата за секое дете, без разлика дали се наоѓа во градска или рурална средина.

Градоначалникот на Општина Делчево, Трајковски посочи дека иако селото Разловци е најодалеченото село во Општината, тоа е и село со најголем број жители, каде опстојува и фабрика и каде гравитираат жители и од соседните општини.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk