logo
logo
logo

Шахпаска: Потполна родова еднаквост, зајакнување на положбата и статусот на жената во општеството

Vecer | 10.06.2021

Шахпаска: Потполна родова еднаквост, зајакнување на положбата и статусот на жената во општеството


Со новиот Закон за родова еднаквост се обезбедува остварување на потполна родова еднаквост, зајакнување на положбата и статусот на жената во општеството, еднаков пристап до ресурси и еднакво учество во донесување на одлуки во сите сфери на општествено живеење, посочи минисерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска на денешната средба со Џон Кенеди Мосоти, директор за Северна Македонија, Србија и Косово на УНФПА.

Таа посочи дека со Законот за родова еднаквост се предвидува три нови механизми. Тоа е Секретаријатот за родова еднаквост, кој како највисоко тело ќе ја координира и следи работата на органите на државната управа и локалната самоуправа при имплементација на Законот. Ресурсен центар, кој што е всушност тренинг центар за обуки на државните службеници во областа на родово одговорно креирање на политики и буџетирање. Третиот нов механизам е Национално координативно тело со кое што ќе претседава министерот за труд и социјална политика со што се подигнува и нивото на влијание и значење. Истовремено, Министерството работи на подготовка на новата Стратегија за родова еднаквост 2021-2026 година чија цел е унапредување на состојбата на родовата еднаквост во согласност со меѓународните стандарди, препораки и обврски, препознавајќи дека родовата еднаквост е еден од клучните аспекти за просперитет на целото општество.

На средбата се разговараше и за унапредување на правата на лицата со попреченост.

„Пред нас е предизвикот за заокружување на процесот на деинституционализацијата до 2027 година согласно проектите, сите корисници од Заводот во Демир Капија, Заводот Бања Банско, како и Заводот за рехабилитација на деца и младинци во Топанско Поле, да бидат преселени од институциите и сместени во помали станбени единици, односно се менува формата на грижа за овие лица во живеење со поддршка“, рече Шахпаска. Притоа, го истакна значењето на дневните центри за лицата со попреченост како форма која им овозможува на овие лица да бидат креативни и работно активни.

Двете страни се согласија дека соработката ќе продолжи и во иднина со уште позасилено темпо, а во насока на градење на еднакво општество, без стереотипи и предрасуди, насочено кон превенирање на родово базирано насилство, унапредување на статусот на жените во сите области и унапредување на правата на лицата со попреченост.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk