Повлекувањето на учебникот по географија е само првиот чекор во коригирањето на содржините од кои се образуваат учениците, изјави заменик-министерот за образование и наука, Арафат Шабани.

„Министерката за образование и наука Мила Царовска денеска го потпиша решението на Комисијата со кое спорниот учебник се повлекува од настава. Во него имаше спорни и содржини навредливи за Албанците. За жал, учениците со децении го користеа овој учебник“, рече Шабани.

Тој кажа дека МОН ќе се обиде да ги отстрани сите учебници кои содржат неточни и невистинити содржини.

„Подготвени сме да соработуваме со сите професори, наставници и стручни лица од образованието и науката, за нашите деца и новите генерации да добијат учебници и дидактички материјали со соодветна содржина“, нагласи Шабани.

 

makfax.com.mk