logo
logo
logo

СЕЗОНА ОД УТРЕ, а ДЕНЕС детали како ќе се летува во Грција!

Vecer | 13.05.2021

СЕЗОНА ОД УТРЕ, а ДЕНЕС детали како ќе се летува во Грција!

Планот на грчката Влада за безбедно отворање на туризмот, како и кампањата на грчката национална туристичка организација, вечерва ќе бидат презентирани на прес-конференција, јави дописничката на МИА од Атина.

Министерот за туризам на Грција Харис Теохарис се очекува да го презентира целосниот план за почетокот на сезоната закажан за утре.

Во однос на тоа дали со отворањето на туризмот ќе се отворат и копнените граници на Грција за државјаните од соседните земји, како што се Македонија и Албанија, дописничката на МИА од Атина во понеделникот, на брифингот со новинарите побара одговор од портпаролката на грчката Влада Аристотелиа Пелони, која објасни дека „постои конкретен план за безбедното отворање на туризмот и од копнените гранични премини, но сите детали, здравствените протоколи и на кој начин ќе биде отворен туризмот, ќе бидат соопштени кон крајот на неделава од министерот за туризам Харис Теохарис“.

Пред два месеца, во рамки на Меѓународниот саем во Берлин, Теохарис соопшти дека Грција ќе го отвори туризмот на 14 мај, под слоганот „All you want is Greece“, под здравствени протоколи, со сертификат за вакцинација или негативен тест или потврда за прележан Ковид-19 за посетителите.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk