logo
logo
logo

Сепак не бил крив кабелот? Ќе се поднесат ОБВИНЕНИЈА ПРОТИВ 4 ЛИЦА за модуларната во Тетово

Vecer | 13.05.2022

Сепак не бил крив кабелот? Ќе се поднесат ОБВИНЕНИЈА ПРОТИВ 4 ЛИЦА за модуларната во Тетово

Основното обвинителство на Тетово, ќе поднесе пријава против три физички и едно правно лице, за опожарувањето на модуларната болница во Тетово, објави Алсат М.

Предметот се очекува следната недела да биде доставен до Судот во Тетово, по упатување до Републичкото обвинителство, од каде е добиено позитивно мислење.

„Обвинителите на предметот се упатија до Републичкото обвинителство и предметот е при крај. Во текот на наредната недела се очекува предметот да биде доставен до тетовскиот суд на понатамошна постапка. По завршување на истрагата ќе биде поднесена пријава против три физички и едно правно лице“, велат од Обвинителството за Алсат.

Во текот на предистражната постапка повикани се над 30 лекари и медицински сестри кои кобната ноќ кога модуларната болница ја зафати огнена стихија беа ангажирани во КОВИД центарот во Тетово да дадат искази пред обвинителите на случајот.

Биле повикани и очевидци, како и членови на семејството кои доброволно се пријавиле да сведочат. Во истрагата биле вклучени и германски експерти, чиј извештај пристигнал пред три месеци. На 8 септември минатата година, модуларната болница во Тетово, каде што се лекуваа 26 пациенти, беше претворена во пепел. Животот го загубија 14 лица, од кои 12 пациенти и две лица кои се грижеа за нивните семејства.

По настанот, тогашниот министер за здравство Филипче и неговиот заменик Илир Хасани поднесоа оставки, но истите не беа прифатени од поранешниот премиер Зоран Заев. Оставки поднесоа и генералниот директор на тетовска болница Флорин Бесими и економскиот директор Артан Етеми.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk